Достапни линкови

logo-print

Измени на одлука за распределба на социјални станови


Владата усвои измени на Одлуката за распределба на социјални станови, соопшти денеска Министерството за транспорт и врски.
Измените уследија по тужбата против решенијата за распределба на социјалните станови. Направена е измена со која се овозможува за слепи лица корисници на социјална или постојана парична помош да се распределуваат до 10 проценти од вкупниот број станови.
Социјални станови се доделуваат на социјално ранливите групи: деца без родители или родителска грижа, корисници на социјална или постојана парична помош, лица погодени од природни непогоди, инвалидни лица и лица на кои им е потребна помош и грижа од друго лице и семејства со инвалидизирани лица, лица припадници на Ромската заедница социјално загрозени, самохрани родители со малолетни деца и слепи лица корисници на социјална или постојана парична помош
XS
SM
MD
LG