Достапни линкови

Мјанмар- Сан Су Чи се залага за етничките права


Лидерката на опозицијата во Мјанмар Сан Су Чи.

Лидерката на опозицијата во Мјанмар Сан Су Чи.

Лидерката на опозицијата во Мјанмар Сан Су Чи ќе формира нова парламентарна комисија која треба да се фокусира на прашања кои се однесуваат на малцинските етнички групи во државата. Властите на Мјанмар се соочуваат со меѓународна критика за неуспехот да ги заштитат членовите на муслиманската етничка група „Рохинџа“ од секташко насилство. Су Чи која е добитник на Нобеловата награда за мир и поранешен политички затвореник, беше избрана за пратеник во април. На нејзинот избор се гледа како на доказ за напредокот на новата влада кон демократските реформи.
XS
SM
MD
LG