Достапни линкови

Растат трошоците за живот


Трошоците на животот, мерени преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во јули годинава се намалени за 0,9 отсто во однос на јуни 2012, а бележат пораст за 2,3 проценти во споредба со јули минатата година.
Според Државниот завод за статистика, анализирано по главни групи, во јули во однос на јуни 2012, намалување е забележано во групите Транспорт, Храна и безалкохолни пијалаци, Домување, вода, електрика, гас и др. горива и Алкохолни пијалаци, тутун.
Пораст на трошоците е забележан во групите Здравје, Рекреација и култура, Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина и Останати стоки и услуги.
На ниво од претходниот месец останале цените во групите Облека и обувки, Комуникации, Образование и Ресторани и хотели.
XS
SM
MD
LG