Достапни линкови

Авганистанскиoт министер за одбрана си поднесе оставка


Авганистанскиoт министер за одбрана Абдул Рахим Вардак денеска си поднесе оставка. Минатата недела парламентот му изгласа недоверба . Тој вели дека ја почитува одлуката на Парламентот, но дека тоа може да ги комплицира плановите на НАТО да ја предадат одговорноста за безбедноста на авганистанските сили пред крајот на 2014-та. Собранието гласаше да се тргнат Вардак и министерот за внатрешни работи Бисмилах Мохамади од функциите, откако неодамна се случија неколку атентати врз високи функционери од страна на бунтовниците, како и прекуграничните инциденти со Пакистан.
XS
SM
MD
LG