Достапни линкови

Пораките со говор на омраза не се наивни провокации


Секоја аномалија во делот на мултиетничките односи може да предизвика нарушувања, без разлика дали се тоа графити, песни или извикување навредливи пароли на фудбалски натпревари, велат експертите.

По последните настани во Гостивар каде беа ишарани графити со наслови како „Илирида е на ред“, експертите велат дека индикативно е тоа што се случува во предизборен период. Во изминатите денови немаше реакција на локалната самоуправа, а од политичките партии единствено апелираат полицијата да биде поангажирана во откривањето на сторителите.
Тие се работи за МВР, да открие кој стои позади нив, а од политичка страна тие не заслужуваат посериозен коментар. Има посериозни проблеми со кои се соочува Македонија и треба да ги реши за да има подобар живот за граѓаните.

„Тие се работи за МВР, да открие кој стои позади нив, а од политичка страна тие не заслужуваат посериозен коментар. Има посериозни проблеми со кои се соочува Македонија и треба да ги реши за да има подобар живот за граѓаните“, изјави Артан Дика од партијата на гостиварскиот градоначалник Руфи Осамни, Националната демократска преродба.
Илустрација.

Илустрација.


За последните настани експерите исто така апелираат дека и локалната самоуправа треба да ја исполни својата обврска за заштита и одржување на спомениците, а од политичките партии да бидат поангажирани во спречување на вакви појави во предизборен период.
Ваквите работи може да влијаат многу лошо врз меѓуетничките односи. Но исто така и извикувањето навредливи пароли против Албанците како на пример на фудбалските натпревари има сличен ефект.

„Се собираат поени за се и сешто дури и за најкревките работи како што се меѓуетничките односи. Очекуваме дека кон почетокот на годината, според истражувањата од поранешните предизборни години, таквите работи ќе се интензивираат, но нема да дојде по поголеми тензии“, изјави Владо Димовски од Центарот за меѓуетничка толеранција.

Од најголемата опозициска партија на Албанците ДПА коментираат дека ова не е наивно пишување кога се во прашање меѓуетничките односи, но укажуваат дека слични пораки не треба да се испраќаат и до албанската етничка заедница.

„Ваквите работи може да влијаат многу лошо врз меѓуетничките односи. Но исто така и извикувањето навредливи пароли против Албанците, како на пример на фудбалските натпревари има сличен ефект“, изјави Зијадин Села.

Експертите обрнуваат внимание дека пораките со говор на омраза не се наивни провокации во едно мултиетничко општество.

Секоја аномалија во делот на мултиетничките односи може да предизвика нарушувања, без разлика дали се тоа графити, песни, итн.

Во изминатите денови во Гостивар беа испишани со спреј со црвена боја графити од Основниот суд до градскиот стадион и во повеќе други згради . Имаше испишани графити и со наслови како „Призрен 1878“.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG