Достапни линкови

Табаковиќ -нема златен ќуп полн со пари


Новоизбраниот гувернер на Народната Банка на Србија Јоргованка Табаковиќ вети синоќа дека девизните резерви нема да се трошат за пополнување на буџетските дупки.Таа наведе дека сите што мислат дека постои златен ќуп со пари се лажат и порача дека нема да дозволи никој да си поигра со незвисноста на НБС.Собранието на Србија вчера ја избра Јоргованка Табаковиќ за нов гувернер на Народната банка на Србија.Опозицијата изрази резервираност за независноста на Табаковиќ бидејќи до нејзиниот избор за гувернер беше висок функционер на Српската напредна партија.
XS
SM
MD
LG