Достапни линкови

Рускиот опозициски лидер прислушкуван


Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални денеска изјави дека во неговата канцеларија во Москва биле пронајдени уреди за прислушкување. Откако тој пронашол „бубици“ во неговата канцеларија повикал полиција која по извршениот претрес пронашла и два микрофони, радио предавател, камера и батерии за опремата. Навални во моментов е под истрага поради сомневање дека извршил злосторства додека бил советник на гувернерот на регионот Киров во 2009 година. Неговите поддржувачи велат дека обвиненијата се политички мотивирани и со цел да извршат притисок врз Навални да се откаже од политички активности.
XS
SM
MD
LG