Достапни линкови

Напаѓачот од Висконсин бил поранешен војник


Човекот кој застрела шест луѓе во храмот на индиската заедница Сики во американската држава Висконсин е идентификуван како поранешен американски војник и можно е да бил поврзан со расистички групи. Пентагон потврди дека 40 годишниот Вејд Мајкл Пејџ е поранешен воен психолог кој бил во војската од 1992 до 1998-та . Полицијата го застрела напаѓачот. Ројтерс јавува дека Пејџ бил член на група на скинхеди во Северна Каролина во последните неколку години.
XS
SM
MD
LG