Достапни линкови

Премиерот на Романија назначи тројца нови министри


Премиерот на Романија Виктор Понта.

Премиерот на Романија Виктор Понта.

Премиерот на Романија Виктор Понта назначи тројца нови министри и тоа за внатрешни, за надворешни работи и за правда. Овој потег следеше кусо време откако министерот за внатрешни работи Јоан Рус ја објави својата оставка по критиките за тоа како го организирал референдум за отповикување на суспендираниот претседател Трајан Басеску.
Уставниот суд ја одложи одлуката за проверката на уставноста на референдумот.
Рус поднесе оставка наведувајќи дека има политички притисок во пресрет на одлуката на Судот.
XS
SM
MD
LG