Достапни линкови

logo-print

Повампирување на врховизмот во Македонија?!


Графит „Тодор Александров - твоите дела живеат“ во Битола.

Графит „Тодор Александров - твоите дела живеат“ во Битола.

Битолскиот историчар Александар Литовски смета дека рехабилитацијата на Тодор Александров е повампирување на врховизмот во Македонија.

Битолскиот историчар Александар Литовски предупредува дека во Македонија повампирува неоврховизмот. Тој вели дека македонизмот како национална идеологија е загрозен од внатре зашто се намножија домашните врховисти. За тоа посочува повеќе примери, како објавување на книги во кои се рехабилитира Тодор Александров, за кој вели дека бил нарачател на убиството на Ѓорче Петров, поставување на неговиот споменик во Скопје, низ Битола осамнуваат пароли во кои се величи Александров, а бугарска делегација придружена од Македонци со бугарски пасоши пред две недели го славеа Илинден во Смилево.
Во време кога имаме инфлација од патриотизам, во време кога на сите страни сите се прават патриоти, а во стварност продаваат лажен патриотизам, македонизмот како национална појава е загрозен од внатре. Не само од надвор, надворешните непријатели ги знаеме, проблемот е што сега се накотија домашните врховисти. Врховизмот е македонска појава во туѓи интереси. Сметам дека некои работи како ревизионизам во историографијата одат во интерес на туѓи држави, а не во интерес на Македонија.

„Во време кога имаме инфлација од патриотизам, во време кога на сите страни сите се прават патриоти, а во стварност продаваат лажен патриотизам, македонизмот како национална појава е загрозен од внатре. Не само од надвор, надворешните непријатели ги знаеме, проблемот е што сега се накотија домашните врховисти. Врховизмот е македонска појава во туѓи интереси. Сметам дека некои работи како ревизионизам во историографијата одат во интерес на туѓи држави, а не во интерес на Македонија“, вели Литовски.
Промоција на книгата „Одбрана на Македонизмот“ од битолскиот историчар Александар Литовски.

Промоција на книгата „Одбрана на Македонизмот“ од битолскиот историчар Александар Литовски.


Тој деновиве ја објави книгата „Одбрана на Македонизмот“ во кој напиша пофални слова за истакнати македонски револуционерни дејци кои биле противници на врховизмот. Меѓу нив и Ѓорче Петров, духовниот водач на македонската револуционерна борба. Ова е и одговор, како што вели Литовски, на книга која беше објавена минатата година, чии рецензенти беа поранешен премиер на Македонија и носител на директорска функција во една од највисоките државни институции, а во која било оцрнето делото на Петров.

„Книгата кај нас што е печатена оди на линија на рехабилитација на Тодор Александров. Ако го рехабилитирате него, треба да го оцрните Ѓорче Петров зашто Александров бил нарачател на неговото убиство. Антимакедонци се претставуваат како големи македонисти, а не се, беа борци за Бугарија или други држави. Најчесто ова е препишување на бугарски ставови од бугарски книги. Дури и кога беше жив Ѓорче Петров, Бугарите на ист начин го оцрнуваа. И сега дојдовме ние во Македонија да се печатат книги со истите зборови од пред сто години против Петров. Мислам дека е апсурдно“, додава Литовски.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG