Достапни линкови

logo-print

Македонија пак во портокалова фаза


Македонија утре влегува во т.н. портокалова фаза со температури над 40 степен и УВ индекс 9, соопштуваат синоптичарите.
Комисијата на Министерството за здравство апелира до граѓаните да ги почитуваат превентивните мерки за намалување на ризиците од високите температури. Исто така, согласно Акцискиот план за заштита на населението од високите температури, се препорачува ослободување на работните обврски на најранливите групи на населението - бремените жени и на луѓето над 60 години. Во градинките да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 16 часот.
XS
SM
MD
LG