Достапни линкови

Сирискиот премиер пребегал во Јордан


Ријат Хиџаб.

Ријат Хиџаб.

Премиерот на Сирија Ријат Хиџаб е отпуштен од функцијата, по извештаите дека ја напуштил земјата и пребегал во Јордан, јави државната сириска телевизија. Неименувани јордански претставници потврдија дека Хиџаб пребегнал во Јордан со своето семејство. Хиџаб, кој е поранешен министер за земјоделство, беше назначен за премиер на 23 јуни. Тој е највисокиот владин претставник кој досега избегал од Сирија.
XS
SM
MD
LG