Достапни линкови

Израел го повика Египет да се разбуди


Регионот Синај.

Регионот Синај.

Израел го повика Египет да ја зајакне контролата над регионот Синај по смртоносниот прекуграничен напад во кој загинаа најмалку 15 египетски војници. Израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак денеска изјави дека нападот, треба да послужи како „повик за будење“ на Каиро. Израел во неколку наврати се жалеше за слабата безбедност во Синај по соборувањето на поранешниот претседател на Египет, Хосни Мубарак. Египетскиот претседател Мухамед Морси вети дека ќе преземе „целосна контрола“ на Синај и рече дека милитантите ќе „платат скапо“ за нападот.
XS
SM
MD
LG