Достапни линкови

Нема фајде од предизборни вработувања


Илустрација.

Илустрација.

Привременото вработување луѓе за вршење комунални работи нема да ја поттикне економијата, туку служи за политички маркетинг, посочуваат експертите.

Владата и во иднина ќе продолжи со мерки за поттикнување на вработувањата. Вака владиниот портпарол во текот на викендот ги најави новите четири илјади вработувања на лица за вршење јавни работи во период од шест месеци кои треба да се вработуваат преку општините. За експертите, пак, ваквите најави имаат чисто политичко значење и тие нема да имаа никакво влијание врз подобрување на реалните економски проблеми во државата и намалувањето на огромната бројка на невработени.
Не, тоа нема да предизвика некое поголемо раздвижување на економијата, меѓутоа овие се алатки на политиката која секогаш кога треба, пред изборите наоѓа начини луѓето да ги залажува. И тоа е факт. Треба да се работи на економски план државата, економијата да се зајакне, луѓето да живеат побогато.

„Не, тоа нема да предизвика некое поголемо раздвижување на економијата, меѓутоа овие се алатки на политиката која секогаш кога треба, пред изборите наоѓа начини луѓето да ги залажува. И тоа е факт. Треба да се работи на економски план државата, економијата да се зајакне, луѓето да живеат побогато“, вели професор Хасан Јашари, потсетувајќи дека ваквиот тип мерки се случувале и пред претходните изборни циклуси.

За да има реални нови вработувања кои ќе имаат влијание врз економијата треба да има економски раст, а за тоа треба да има инвестиции, а бидејќи кај нас не се исполнети овие предуслови не може да се очекува вистински ефект од овие вработувања, вели професор Никола Поповски.

„Во економијата е сосема јасно дека за да се вработи некој, треба да носи дополнителен доход на оној што го вработува. Значи, никој не вработува за да помогне на некој друг, туку со цел да го зголеми својот доход во бизнисот што го поседува. Во оваа смисла јас не верувам дека новите вработувања со сила кои ги субвенционира Владата, откако ќе заврши таа субвенција ќе останат“, вели Поповски, кој додава и дека оваа најава очекува дека ќе заврши како вработување на партиски луѓе од општинските комитети на владејачките партии.

Владата извести дека за оваа мерка обезбедила еден милион евра, а исплатата ќе се врши преку општините. Ќе бидат ангажирани луѓе моментално невработени, со ниска квалификација или повозрасни од 55 години. Ќе добиваат финансиски надомест од 7.600 денари и здравствено осигурување.
XS
SM
MD
LG