Достапни линкови

Авганистан- убиен водачот на мрежата Хагани


Основачот на мрежата Хагани, Џалалудин Хагани.

Основачот на мрежата Хагани, Џалалудин Хагани.

Во напад на силите на НАТО во Авганистан загинал лидерот на бунтовничката група Хагани, соопштуваат од Алијансата. Од таму соопштуваат дека водачот на Хагани Шер Мохамад Хакими бил убиен вчера во покраината Логар. Шефот на локалната полиција соопшти дека Хакими и неговите соработници биле убиени за време на воздушен напад, а уште четворица негови соработници биле повредени.
Хакими беше познат по организирање на бомбашки напади, по обука на бунтовници и по криумчарење оружје. Мрежата Хагани е во сојуз со Талибанците и со Ал Каеда.
XS
SM
MD
LG