Достапни линкови

Лустрациска ќе работи и без членовите на СДСМ


Аџиев вели дека и да се повлечат членовите на СДСМ, тоа нема да има последици врз работата на комисијата за лустрација.

Евентуалното излегување на членовите на СДСМ од комисијата за верификација на фактите ќе значи само деградирање на досегашната работа на тие членови, вели првиот човек на комисијата Томе Аџиев. Се надевам дека опозицијата нема тоа да го направи и да влегува во политички шеми со комисијата, вели Аџиев.
Би се потврдило дека тие биле пуштени тука со одредена намера да ја бојкотираат работата на комисијата и да го попречуваат целиот процес. Очигледно е, некои луѓе се засегнати од процесот на лустрација и сега со сите напори се трудат да го деградираат целиот процес, вклучувајќи и некои луѓе од комисијата.

„Би се потврдило дека тие биле пуштени тука со одредена намера да ја бојкотираат работата на комисијата и да го попречуваат целиот процес. Очигледно е, некои луѓе се засегнати од процесот на лустрација и сега со сите напори се трудат да го деградираат целиот процес, вклучувајќи и некои луѓе од комисијата“, вели Аџиев.
Претседателот на Комисија за верификација на факти Томе Аџиев.

Претседателот на Комисија за верификација на факти Томе Аџиев.


Најавите дека социјалдемократите ќе ги повлечат своите членови од комисијата за Аџиев, од СДСМ официјално не ги потврдија. Партиски извори соопштуваат дека е формирано посебно партиско тело кое треба да донесе одлука дали да ги повлече своите членови по објавувањето на досиејата на 23 соработници на тајните служби. Конечната одлука ќе биде донесена по 15 ти август. Аџиев смета дека доколку се реализираат ваквите најави на опозицијата, тоа нема да има последици врз работата на комисијата.
Би требало да се примени и за овие случаи познатиот наш уставен принцип за презумпција на невиност. Додека не се утврди со правосилна одлука дека конкретни лица биле соработници, нивните имиња не смеат да се објавуваат.

„Не е загрозено мнозинството за работење на комисијата, таа би продолжила да работи. Комисијата со најмалку седум членови може да работи“, изјави Аџиев.

Поради незадоволството, а и фактот дека власта може секого да прогласи за кодош, опозицијата смета дека самиот закон за лустрација е пресметка со неистомислениците и се повеќе се претвора во „лов на вештерки.“

Дел од експертите анализираат дека целиот процес на лустрација е политизиран и проблематизиран. Јавното објавување на имињата на некогашните соработници со тајните служби, според професор Осман Кадриу, е противуставно, па според тоа спорен е и законот во согласност со кој се спроведува овој политички процес.

„Би требало да се примени и за овие случаи познатиот наш уставен принцип за презумпција на невиност. Додека не се утврди со правосилна одлука дека конкретни лица биле соработници, нивните имиња не смеат да се објавуваат“, вели Кадриу.

Можното повлекување на некои членови од Комисијата, според Кадриу, ќе има последици врз нејзината работа. Досегашните несогласувања меѓу членовите на комисијата ги потврдуваат сомневањата дека процесот ќе биде успешно спроведен.

„Капацитетот на комисијата не нуди гаранција дека ќе може да го спроведе овој закон, тие се уште немаат оформен метод за работа, а да не зборуваме за начинот на донесувањето на одлуките, кои според моето мислење треба да бидат донесени со консензус, а тие фактички не можат да обезбедат ни соодветно мнозинство“, вели Кадриу.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG