Достапни линкови

Јавна реконструкција на убиствата на 5-мина ирански нуклеарни научници


Десетина осомничени за убиството на 5-мина ирански нуклеарни научници од 2010-та година, денеска беа прикажани на иранската телевизија како ги признаваат убиствата. На неколку места во Техеран биле направени реконструкции на атентатите, кои ги прикажуваше телевизијата. Ирански воен претставник изјави дека атентаторите биле обучувани во камп во близина на Тел Авив. Иран ги обвинува тајните служби на Израел, Соединетите Држави и Велика Британија за убиствата на научниците. САД и Велика Британија демантираа вмешаност, а Израел не ги коментира обвинувањата.
XS
SM
MD
LG