Достапни линкови

Експлозија во зградата на Сиријската телевизија


Сиријските државни медиуми јавија дека експлодирала бомба на третиот кат во зградата на државната телевизија во Дамаск, при што неколку лица биле повредени. Сиријската телевизија не ја прекина програмата. Во меѓувреме, владините сили продолжиле со гранатирањето на делови од градот Алепо каде што имало и престрелки. Опозициони активисти соопштија дека вчера биле убиени над 130 луѓе, од нив 79 цивили. Нема независна потврда на овие информации.
XS
SM
MD
LG