Достапни линкови

Curiosity стигна на Марс


НАСА соопшти дека на Марс слета специјалното возило наречено Кјуриозити и веќе бил воспоставен контакт со него. Возилото кое е тешко околу 900 килограми и изгледа како мал автомобил, во наредните две години ќе ја истражува површината на Марс, а ќе може да влегува и во големите кратери. Целта на оваа мисија е да се истражи дали на Марс има некакви форми на живот во вид на микроскопски организми. Американскиот претседател Барак Обама го оцени ова како историски момент, а проектот чини околу 2,5 милијарди долари.
XS
SM
MD
LG