Достапни линкови

logo-print

Откажан состанокот на Движењето на неврзаните во Рамалах


Палестинскиот министер за надворешни работи Ријад Малки.

Палестинскиот министер за надворешни работи Ријад Малки.

Палестинските власти го откажа состанокот на палестинскиот комитет на Движењето на неврзаните земји во Рамалах. Овој потег уследи откако Израел ги спречи претставниците на Алжир, Бангладеш, Куба, Индонезија и Малезија да влезат во Западниот Брег, затоа што тие немаат дипломатски односи со Израел. Од израелското министерство соопштија дека делегатите од седум други земји кои требаше да присуствува на состанокот( Египет, Индија, Колумбија, Јужна Африка, Сенегал, Замбија и Зимбабве) се добредојдени да влезат на Западниот Брег. Палестинскиот министер за надворешни работи Ријад Малки рече дека состанокот ќе биде откажан, додавајќи дека нема да биде преместен во Јордан или да се одржи преку видео конференција.
XS
SM
MD
LG