Достапни линкови

Судири меѓу турски воени сили и курдски бунтовници


Дваесет и две луѓе загинаа во судирите меѓу турските воени сили и бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК) во околината на градот Шемдинли, во округот Хакари, во југоисточна Турција, изјави локалниот валија Орхан Алимоглу.

Шест војници, двајца селски чувари и 14 курдски бунтовници загинале, а 15 војници се ранети при напад на ПКК врз воен пункт, во село во округот Хакари, во близина на границата со Ирак. Алимоглу истакна дека меѓу убиените турски војници има три жени.

Други петнаесет војници, еден селски чувар и петмина цивили се ранети во престрелката која избувнала по нападот.
Ова е најсмртоносен судир од јуни, која во сличен напад во истиот регион загинаа 28 луѓе.

Турскиот вицепремиер Бешир Аталај изјави по нападот дека Турција ќе продолжи да се бори против тероризмот.
XS
SM
MD
LG