Достапни линкови

Oдбележана првата годишнина од затворањето на Тимошенко


Приврзаници на поранешната премиерка на Украина Јулија Тимошенко.

Приврзаници на поранешната премиерка на Украина Јулија Тимошенко.

Приврзаниците на поранешната премиерка на Украина Јулија Тимошенко ја одбележаа првата годишнина од нејзиното затворање со протести. Тие бараат нејзино ослободување. Демонстрантите носеа транспарент долг 20-метри на кој пишуваше „Јулија – Слобода“, а потоа го развиорија на мост преку реката Дњепар во главниот град Киев. Протести треба да има и во Карив каде што е затворена Тимошенко. Тимошенко беше премиер од јануари до септември 2005 година и повторно од 2007-2010 година. Таа беше приведена на 5 август 2011 година, а потоа и осудена по обвиненијата за злоупотреба на функцијата додека била премиер. Осудена е на седум години затвор.
XS
SM
MD
LG