Достапни линкови

Напредок во разговорите за мерките за штедење на Атина


Постигнат е напредок во разговорите за одредување на пакетот мерки во вредност од 11,5 милијарди евра, информираа раководителите на „тројката“ кредитори од Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд по разговорите денеска во Атина со грчкиот министер за фиансии Јанис Стурнарас.

Претставникот на ММФ, Пол Томсен изјави дека преговорите се движеле во добра насока.

Ова беше последната средба пред претставниците на тројката да отпатуваат од Атина, која треба до крајот на месецот да го прецизира пакетот мерки, кој беше побаран од кредиторите. Тие бараат новите мерки да бидат спроведени во периодот 2013-2014 година.

На почетокот на септември „тројката“ ќе се врати во Грција за да изготви извештај, кој ќе биде од суштинско значење за отпуштањето на следната трашна од финансиската помош за земјата.

Според претставник на грчкото Министерство за финансии кредиторите на денешната средба презентирале мерки, кои во голема мера се совпаѓаат со мерите предложени од Владата
XS
SM
MD
LG