Достапни линкови

Клинтон во посета на Малави


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска беше во посета на Малави, како прв државен секретар кој ја посетил оваа земја на југот на Африка. Клинтон имаше средба со претседателката на Републиката Џојс Банда. Откако дојде на власт во април годинава, претседателката дозволи во земјата да влегува странска помош, нешто што нејзинито претходник го забрани и настојува да ја подобри состојбата со човековите прав, за што нејзината земја беше критикувана. САД во јуни најавија обновување на помошта од 350 милиони за енергетскиот систем во Малави. Од Малави, Клинтот патува во Кенија, уште една станица од нејзината турнеја низ Африка која започна минатата недела со посетата на Сенегал.
XS
SM
MD
LG