Достапни линкови

Пожарот кај Струмица ја зеде и четвртата жртва


Повредените во пожарот кај Струмица хоспитализирани во Градската болница во Скопје.

Повредените во пожарот кај Струмица хоспитализирани во Градската болница во Скопје.

На Клиниката за хирушки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје, изутрината почина уште еден од повредените во пожарот кај Струмица. Се работи за 54-годишниот Војо Гркланов од стумичкото село Вељуса, кој беше повреден во пожарот кој избувна на 23 јули.

Тој е четврта жртва во пожарот во Струмица. На 28 јули почина 30-годишниот струмичанец Митко Георгиев, а на 24 јули на повредите им подлегнаа браќата, 46-годишниот Пено и 50-годишниот Блажо Стојкови, вработени во „Македонски шуми“.
На Клиниката е хоспитализирано уште едно дете со 40 отсто изгореници од втор и трет степен кое е во добра здравствена состојба.

За огнената стихија кај Струмица е осомничена 24-годишната струмичанка, која запалила стари алишта под еден жбун, при што предизвикала пожар од поголеми размери
XS
SM
MD
LG