Достапни линкови

На интернет објавени имињата на уште 12 лустрирани


Томе Аџиев,Претседател на Комисија за верификација на факти.

Томе Аџиев,Претседател на Комисија за верификација на факти.

Комисијата за верификација на фактите на својата веб страница објави имињата на уште 12 луѓе за кои утврдила дека биле соработници на тајните служби. За овие 12 лица досиејата не се поставени на веб страницата на Комисијата.

Претходно Комисијата за верификација на фактите објави решенијата и документи за 11 луѓе постапувајќи според новиот Закон за лустрација, кој меѓу другото, предвидува нивно објавување на интернет во рок од три дена.

Дел од членовите на Комисјата беа против повторното разгледување на предметите, имајќи предвид дека Уставниот суд укина некои одредби од стариот закон за лустрација, а Управниот суд ги укина решенијата на лустраторите. Тие сметаат дека со јавното објавување се кршат Уставот и правото на приватност на лицето прогласено за соработник.

Претседателот на Комисијата Томе Аџиев и останатите членови, пак, повикувајќи се на новиот Закон за лустрација, сметаат дека законската обврска мора да се почитува, а соработниците на тајните служби да бидат јавно објавени.
XS
SM
MD
LG