Достапни линкови

Грција спроведува масовна операција против нелегалните имигранти


Илјада и пестотини илегални имигранти се приведени во масовната операција на грчката полиција во центарот на Атина, јавија грчките медиуми.

Полицијата најави дека до вечерва со чартер лет ќе бидат вратени граѓани на Пакистан.

Операцијата, почна на 2 август во главниот град и во областа Еврос на границата со Турција. Министерот за јавен ред и заштита на граѓаните Никос Дендиас ја означи акцијата како „воспоставување на законите“.

„Нема да дозволиме хаос во центарот, ќе ги отстраниме глетките, со кои се навредува културата на Атина“, истакна тој.

Грчката полиција соопшти дека операцијата е прва со ваков обем и додаде дека таа нема да има привремен карактер
XS
SM
MD
LG