Достапни линкови

Вредните археолошки артефакти вратени во Авганистан


Артефакти.

Артефакти.

Стотици вредни археолошки артефакти ограбени од Авганистан, денеска беа вратени на Националниот музеј. Авганситан си ги доби назад артефактите со помош на Британскиот музеј. Многу од 843 артефакти биле шверцувани во Велика Британија. Се проценува дека 70 проценти од содржината на Националниот музеј на Авганистан беа украдени за време на граѓанската војна во земјата на почетокот на 90-тите години. Меѓу предметите кои се вратени има такви кои датираат од првиот век или статуата на Буда од вториот или третиот век, предмети од бронзеното време, старогрчки и средновековни исламски монети.
XS
SM
MD
LG