Достапни линкови

Германската католичка црква заработила 5 милијарди евра од данок


Германската католичка црква која има околу 25 милиони верници мината година од црквен данок заработила близу 5 милијарди евра, што е за 2, 6 отсто повеќе отколу во 2010-та. Најмногу приходи Црквата имаше во 2008 кога собра 5.066 милијарди евра од данок. Дел од заработката оди за издржување на 14. 850 свештеници, како и за болници, градинки, старечки домови, но и за проекти во неразвиените земји. И евангелистичката црква која има речиси ист број на верници имала околу 5 милијарди евра заработка од данок.
XS
SM
MD
LG