Достапни линкови

Во Авганистан загинале двајца војници од Нов Зеланд


Двајца војници од Нов Зеланд и четворица припадници на авганистанската разузнавачка служба биле убиени, а 16 повредени во судирите со талибанските милитанти во центарот на Авганистан. Војниците од Нов Зеланд биле убиени во областа Бамијан кога дошле да им помогнат на локалните безбедносни сили. Аганистанските сили извршувале операци во село во областа, кога наишле на заседа на Талибанците. Нема детали дали во нeколкучасовната престрелака има загинати на страната на Талибанците. Владата на Нов Зеланд соопшти дека нејзините 140 војници во Бамијан ќе бидат повлечени кон крајот на 2013 година.
XS
SM
MD
LG