Достапни линкови

logo-print

Виетнам- прва геј парада во Ханој


Илустрација.

Илустрација.

Десетици луѓе со велосипеди украсени со балони и знамиња во боите на виножитото парадираа денеска во главниот град на Виетнам, Ханој. Оваа е прва геј парада во Ханој. Настанот, организиран од локалната заедница на хомосексуалци, бисексуалци и трансексуалците продолжи без обид полицијата да го запре конвојот од околу 100 активисти. Сличен, но поголем настан се одржа вчера и во градот Хо Ши Мин каде околу 1.000 луѓе маршираа низ центарот на градот. Хомосексуалноста во голема мера останува табу во комунистички Виетнам, но како изненадување дојде потегот на министерот за правда кој рече дека би можело да се разгледа признавањето на бракови од ист пол. Ако се легализираат хомосексуалните бракови, Виетнам ќе биде првата земја во Азија што го сторила тоа.
XS
SM
MD
LG