Достапни линкови

logo-print

Најмалку 40 жртви во бомбашки напад во Јемен


Најмалку 42 луѓе загинале, а 37 се повредени при напад на бомбаш самоубиец во јужниот дел на Јемен. Нападот се случил за време на погреб на еден воен командант. Властите соопштуваат дека нападот бил насочен кој племињата кои им помагале на владините сили во борбата против Ал-Каеда. Нападот предизвика стравувања дека Ал Каеда повторно се враќа во јужниот дел на Јемен, од каде војската ги избрка за време на офанзивата во јуни, кога загинаа околу 100 луѓе. Ал Каеда го искористи слабеењето на централната власт за време на протеститие против поранешниот претседател Али Абдула Салех минатата година и ја зајакнаа својата позиција во источниот дел на Јемен.
Во тој регион вчера во напади на американски беспилотни летала биле убиени пет членови на Ал Каеда. САД во последните месеци изведоа низа напади на цели на Ал Каеда во Јемен.
XS
SM
MD
LG