Достапни линкови

Борби во Алепо, Дамакс повторно преземен


Во сирискиот град Алепо и денеска продолжуваат борбите меѓу владините сили и бунтовниците. Силите лојални на претседателот Башар ал Асад користат артилерија и авиони за бомбардирање на бунтовничките позиции. Вчера медиумите ја цитираа изјавата на командирот на бунтовниците кој рече дека неговите борци се подготвуваат за „силна офанзива“, додека висок владин претставник предупреди дека „она што се случува сега е само предигра, главното ќе дојде подоцна.“
Во Дамаск, силите на претседателот Башар ал Асад тврдат дека ги избркале бунтовниците од нивното последното упориште.
XS
SM
MD
LG