Достапни линкови

Во Атина завршува првата рунда преговори за мерките за штедење


Грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас денеска ќе се сретне со претставниците на Европската централна банка, Меѓународниот монетарен фонд и Европската комисија, пред тие да си заминат од Атина. Претставниците на „тројката“ на 27 август ќе се вратат во Грција и до тогаш коалициската Влада ќе мора да го финализира пакетот мерки, со кои во наредните две години треба да се заштедат 11,5 милијарди евра.

Премиерот Андонис Самарас и министерот Стурнарас сметаат дека донесувањето на мерките е од витално значење за да се добие позитивен извештај од „тројката“ во септември, со кој потоа ќе се убедат партнерите од еврозоната да продолжат со имплементација на договорот за заем.

Самарас утре повторно ќе разговара со коалициските партнери Евангелос Венизелос и Фотис Кувелис за мерките, но и за приватизацијата која многу доцни. Венизелос и Кувелис во принцип се согласија за мерките, многу повеќе заради стабилноста на Владата, така што се очекува состаноците со Самарас да не поминуваат лесно и без несогласувања.
XS
SM
MD
LG