Достапни линкови

logo-print

Изгласана недоверба на двајца авганистански министри


Авганистанскиот парламент им изгласа недоверба на министрите за одбрана и внатрешни работи и побара од претседателот Хамид Карзаи да назначи нови функционери на позициите. Според пратениците, актуелните министри се одговорни за пропусти во безбедносниот систем и неуспех за спречување на прекугранични гранатирања од пакистанската страна на границата. Во собранието се покренаа и прашања за корупција во министерствата.
XS
SM
MD
LG