Достапни линкови

logo-print

Еден милион евра за 2.000 шестмесечни вработувања


Skopje - Macedonia - street that leads to the stone bridge, near a new monument

Skopje - Macedonia - street that leads to the stone bridge, near a new monument

Владата одлучи во соработка со општините следната недела да почне процесот на вработување на 2.000 лица кои ќе бидат ангажирани за вршење јавни работи во период од шест месеци. Преку општините во идниот период ќе бидат работно ангажирани уште дополнителни околу 2.000 лица за вршење на јавни работи. Ова денеска на прес-конференција го истакна портпаролот на Владата Алексанадар Ѓорѓиев, кој рече дека за оваа цел Владата обезбедила еден милион евра, а исплатата ќе се врши преку општинатата која ги има ангажирано работниците. Тој потенцира дека за дополнително ангажираните околу 2.000 лица општините во соработка со Владата одделуваат дополнителни еден милион евра.
XS
SM
MD
LG