Достапни линкови

Локализирани неколку пожари низ Македонија


илустрација

илустрација

Локализирани се пожарите во општините Велес, Гевгелија и Куманово, информира денеска Дирекцијата за заштита и спасување. Ставен е под контрола пожарот во село Карабуниште, општина Велес, што избувна вчера. На терен се ангажирани две теренски возила со 9 лица од Шумското стопанство. Опожарена е нискостеблеста деградирана шума и габер со површина од 20 хектари на непристапен терен. Вчера околу 19 часот целосно е изгаснат пожарот во општина Гевгелија, место викано Аџибарица. Овој пожар се појави вчера во 16:30 часот, на 500 метри до ски-центарот Кожуф.
XS
SM
MD
LG