Достапни линкови

„Старовски“ со уникатен спој на музика и поезија во Света Софија


Старовски бенд.

Старовски бенд.

„Старовски“, македонскиот кабаре–чалгија состав, овој вторник од 21 часот, со уникатниот спој на музика и поезија, ќе настапи во предворјето на црквата Света Софија, во рамките на оф-програмата на годинешното 52-ро „Охридско лето“.

Не многу по успешното претставување на „Локум фест“ во Битола, мини-серијата концертни настапи „Старовски“ ја продолжува со перформансот во рамките на придружната програма на 52-то издание на фестивалот „Охридско лето“.

Ние би сакале тој настап да биде поразличен од секој друг претходен настап, бидејќи и самиот простор, големината на тој простор и значењето ќе ни понуди да направиме едно малку поинакво музичко сценско дело кадешто искористувајќи го просторот ќе се потрудиме да направиме една аудио-визуелна мулимедијална слика на материјал на Старовски, каде ќе има и проекција на видео материјали и на специјално изработени костими.

Верица Недевска и Верица Андреевска Спасовиќ – вокали, Круме Стефановски – удиралки, Јордан Костов – хармоника и Дејан Спасовиќ – жичани инструменти, за несекојдневниот и инспиративен амбиент на предворјето на црквата Света Софија, подготвија мултимедијален концепт кој треба да ја претстави примарната идеја во делувањето на овој наш самосвоен „кабаре-чалгија состав“.

„Ние би сакале тој настап да биде поразличен од секој друг претходен настап, бидејќи и самиот простор, големината на тој простор и значењето ќе ни понуди да направиме едно малку поинакво музичко сценско дело кадешто искористувајќи го просторот ќе се потрудиме да направиме една аудио-визуелна мулимедијална слика на материјал на Старовски, каде ќе има и проекција на видео материјали и на специјално изработени костими.“
Света Софија.

Света Софија.


Спасовиќ вели дека „Старовски“ овој концерт тематски и го посветуваат на жената.
„Главниот мотив на оваа приказна ќе биде жената, односно животот на една жена. Сите песни што ќе ги изведуваме таму и од стариот албум и новите со видео материјалот и со целиот амбиент се надеваме дека на публиката ќе и направи едно чувство на опуштеност и потреба да се прочитаат тие песни поезија што ние ги музицираме и ги вадиме од заборав.“

Говорејќи за концептот за долгопожелуваниот перформанс, тој дополнува дека ќе се обидат да ја претстават не само поетиката на бардовите како Коневски, Андреевски, Рацин...кои се толку убаво опеани на нивното деби издание, туку и на оние кои го чинат актуелниот момент на македонската современа поезија, а кои, пак, како што вели, планирано е да бидат.

„Таа комбинација на возрасни, односно на стари и познати и на не така етаблирани поети, мислам дека Елизабета Паковска, Владимир Мартиновски, ќе биде прекрасно бидејќи ќе може да се чуе зборот на некое време пред 30-40 години и денешнито збор преку музика.“

Инаку, со оглед на тоа дека составот веќе подолго време работи на материјалите за второто издание, во догледно време не се планирани настапи надвор од земјава, а повеќе од сигурно е дека есенва „Старовски“ влегува во студио за да ги сними песните што ќе се најдат на објавата, а кои публиката ги познава од концертите на уметничката дружина
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG