Достапни линкови

Феноменот „студент“


Ива Додевска, студентка на Новинарски студии на УКИМ и активист на студентското движење Слободен Индекс.
Ива Додевска, студентка на Новинарски студии на УКИМ и активист на студентското движење Слободен Индекс.

Студентот се наоѓа во тампон-зона: распнат меѓу сегашниот статус на студент и идната улога на работник. Студентот е просјак – тој живее со онолку колку што ќе му пратат родителите или колку што ќе успее да заработи од некоја хонорарна работа. Сепак, за разлика од работникот, студентот сè уште има надеж и лесно прифаќа сè што ќе му се наложи, пишува Ива Додевска, активист на студентското движење Слободен Индекс во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Ќе го сретнете изгубен во толпата пред „Студентски прашања“, или како осамен чека пред некоја од професорските канцеларии за консултации. Во амфитеатарот ќе седи замислен и ќе зјапа низ прозорецот. На паузите ќе шмрка еспресо од кафемат и ќе ги дели цигарите со колегите. Во читалната ќе си го чешка темето зад куп од српско-хрватски учебници и лошо преведени скрипти. Како бруцош, ќе го најдете изгубен во толпата поранешни средношколци, како апсолвент ќе се обидува да балансира меѓу улогите на студент, практикант и келнер во локалното кафуле. Во долгите редици во банките трпеливо ќе чека да си ја уплати административната такса. Тој е мастер за пополнување уплатници и гениј за преживување до наредната родителска плата.
Штом ќе дипломира, ќе почне да ровари по огласите во потрага по работа, а секаде ќе го пречекува она познатото: „задолжително е искуство“. Затоа студентот, се уште со жарче ентузијазам, ќе прифати да работи бесплатно и ќе стане волонтер. Ќе волонтира со месеци, некогаш и вон својата струка, и ќе биде среќен што некој воопшто се согласил да го експлоатира неговиот труд, зошто се надева дека тоа искуство во CV-то многу ќе му значи.

Студентот се наоѓа во тампон-зона: распнат меѓу сегашниот статус на студент и идната улога на работник. Студентот е просјак – тој живее со онолку колку што ќе му пратат родителите или колку што ќе успее да заработи од некоја хонорарна работа. Сепак, за разлика од работникот, студентот сè уште има надеж и лесно прифаќа сè што ќе му се наложи. Полн со сила и младост, тој очекува да најде добро платена работа откако ќе дипломира, иако сите факти со кои е опкружен не му даваат светла слика за иднината.

Штом ќе дипломира, ќе почне да ровари по огласите во потрага по работа, а секаде ќе го пречекува она познатото: „задолжително е искуство“. Затоа студентот сè уште со жарче ентузијазам, ќе прифати да работи бесплатно и ќе стане волонтер. Ќе волонтира со месеци, некогаш и вон својата струка и ќе биде среќен што некој воопшто се согласил да го експлоатира неговиот труд, зошто се надева дека тоа искуство во CV-то многу ќе му значи.

Од студентот се бара уште од самиот почеток на неговиот професионален живот да разбере дека е никој и ништо, дека треба да стисне заби и да ги претрпи првите неколку години на волонтерство или безработица, дека ако и воопшто најде работа, тоа е само благодарение на добрината на неговиот иден работодавец. Како што се стеснува изборот на работа, така младиот човек сè повеќе почнува да верува дека оној што го вработил, направил чин на милостиња, и дека треба вечно да му биде благодарен што го избавил од безработицата, дури ако тоа значи понекогаш да си го прегази достоинството и да ја ведне главата пред секој каприц на неговите шефови. На самиот почеток на неговиот возрасен живот, младиот човек мора да се научи да биде влекач и безр`бетник, оти многу рано ќе увиди која е цената што се плаќа ако излезе од овие граници.

Така, нашиот поранешен студент сега е работник, можеби дури и нашол работа по струка. Тој, како почетник, сега е на дното на хиерархиската скала, и од него се очекува да премине преку разни „тестови“ и тој без многу отпор ќе се привикне да работи по 10 часа, преку викенд, да не ја добива платата навреме, да работи непријавен, да губи процент од платата како казна за најмала „грешка“, да работи за двајца оти се штеди на персонал. Сега тој има свои примања и живее подобро од времето кога беше студент, може да си дозволи по некое парче облека, да отпатува некаде во ретките слободни денови, да излезе, можеби дури и да си плаќа кирија, но сега повеќе нема време да го одживее животот, зашто е затворен на своето работно место.

Дали ова е животот за кој студентот сонуваше? Да живурка на дното на хиерархиската скала, да работи како коњ за никакви пари, работа која го исцрпува и физички и ментално, која му ги цица сите потенцијали и му го гуши секој интерес, која го затвара во магичниот круг на празни денови што се повторуваат во недоглед? Каков е тој живот во кој сето време го троши во трка за обезбедување на основни средства за живот, зависен од расположението на своите надредени и од добрата волја на цените на пазарот?

Студентот сега помислува на животот на своите родители, роднини и другите постари луѓе. Куп од потрошени животи, неискористени таленти, убиена надеж и наведнати глави. Но не е сè уште готово за нашиот бивш студент, тој сега повторно ќе почне да се надева, дека ќе напредува во хиерархијата, ќе најде подобро работно место, поголема плата, повлијателна положба. Тој знае примери на успешни луѓе, некои негови поранешни колеги и тој ќе се надева дека ќе биде дел од клубот. Некои од нив се вработија во фирмите на своите влијателни родители, некои други пробаа да фатат некоја функција преку своите партиски книшки, некои трети беа доволно среќни да најдат работа во странство. Но не и нашиот студент, оти тој е дел од мноштвото млади, кои исто како и тој, се надеваа дека факултетот ќе ги избави од бедата, а сега живуркаат на списокот на невработени или робуваат некому за 8.000 плата.

Ќе помине долго време, цел еден беден живот, кога бившиот студент можеби ќе подзастане да помисли на младоста и на она за кое тогаш сонуваше и кое можеби можеше да се достигне. Сега тој студент е веќе стар човек, но тој и натаму се надева, овој пат за среќата на своите деца, кои можеби исто така се студенти. Но овој човек не ја научил животната лекција, туку останал она плашливо суштество кое го направија, и тој и своите деца ќе се обиде да ги научи да бидат трпеливи, послушни, да не влегуваат во спреги со власта, да си го чекаат своето кое можеби ќе си дојде, само ако се работливи, вредни и незабележливи. Цел живот тој не успеа да се ослободи од стравот, страв од немаштија, од губење на работата, од власта, од надредените, од неизвесната иднина, од скапите сметки, од општата беда.
Но овој човек не ја научил животната лекција, туку останал она плашливо суштество кое го направија, и тој и своите деца ќе се обиде да ги научи да бидат трпеливи, послушни, да не влегуваат во спреги со власта, да си го чекаат своето кое можеби ќе си дојде, само ако се работливи, вредни и незабележливи. Цел живот тој не успеа да се ослободи од стравот, страв од немаштија, од губење на работата, од власта, од надредените, од неизвесната иднина, од скапите сметки, од општата беда.

Во меѓувреме, нов студент изгубено се турка во толпата бруцоши, надевајќи се на добра иднина, солидна работа и стабилно општество. Сè додека само се надева, многу е веројатно дека ќе ја доживее истата судбина како и претходниот студент, како и десетици илјади други студенти пред него. Сè додека е политички пасивен и ориентиран само кон моменталните потреби, власта е задоволна од овој студент. Сè додека е консумер кому масовната култура му ги оформува навиките, однесувањето, размислувањата и желбите, потрошувачкото општество е задоволно од овој студент. Сè додека се движи по линијата на помал отпор, студентот ќе остане без`рбетник и заглавен во бедата.

Студентот е производ на модерното општество и своето отуѓување тој може да го доведе во прашање само ако го доведе во прашање системот во целина. Студентот мора да научи дека надежта сама по себе нема да го одведе до неговите замисли, туку попрво ќе го влечка низ животот, секогаш подготвен да издржи уште малку. Единствен начин да го промени светот околу себе е ако излезе од калапот и од стравот и ако цврсто застане против постоечките вредности и норми. Тој мора да е учесник во процесите, за да не биде нивна жртва. Тој мора да научи кои се начините да се разнишаат цврстите темели на модерниот општествен систем и тоа мора да го научи сам, независно од притисоците, тешкотиите и примамливата апатија. Тоа си го должи себеси и на сите генерации по него.
XS
SM
MD
LG