Достапни линкови

logo-print

Имињата и досијеата на лустрираните на интернет


Комисијата за верификација на фактите денеска на својата веб страница почна да ги објавува имињата и досијеата на лицата за кои утврди дека биле соработници на тајните служби. Беше објавено досието на лидерот на Сојузот на Титови леви сили, кој е избран за член на Советот на Град Скопје, Слободан Угриновски, но по неколку минути тоа беше тргнато. Дел од членовите на Комисијата сметаат дека со јавното објавување се кршат Уставот и правото на приватност на лицето прогласено за соработник.
XS
SM
MD
LG