Достапни линкови

logo-print

Северна Кореја се поотворена за помошта од ОН


Северна Кореја ја олабавува традиционалната изолираност поради големите поплави и им овозможува послободен пристап на агенциите на Обединетите Нации за доставување помош. Атмосферата е многу порелаксирана, изјави денеска во Женева портпаролот на УНИЦЕФ Патрик Мек Кормик. Во невремето во Северна Кореја деновиве загинале околу 120 луѓе, а над 84.000 останале без своите домови.
XS
SM
MD
LG