Достапни линкови

Русија бара итна замена за Анан во Сирија


Русија денеска оцени дека големите сили треба итно да најдат замена за специјалниот пратеник за Сирија, Кофи Анан, кој си поднесе оставка со образложение дека немал доволно меѓународна подршка за мировните напори. Во соопштението на руското Министерство за надворешни работи се наведува дека присуството на Обединетите Нации во Сирија е клучно за наоѓањето мирно решение на кризата во таа земја. Во меѓувреме, руски воени бродови се движеле кон Сирија, јавија руските агенции. Шефот на британската дипломатија Вилијам Хејг изјави дека Лондон ќе ја засили подршката за бунтовниците во Сирија. Иран, пак го обвини Западот за пропаѓањето на мисијата на Кофи Анан.
XS
SM
MD
LG