Достапни линкови

Пратениците на (не)заслужен одмор


Oдморот на којшто заминаа пратениците може да го заслужиле само поради виските температури и реновирањето на собраниската зграда, но не и со работата што ја сработија, коментираат дел од експертите.

И по толку години формално востановен повеќепартиски сиситем и парламентарна демократија, во Македонија се уште не се живее според волјата на народот изразена преку своите претставници во Парламентот, едногласни се експертите. Оттаму на шега додаваат дека одморот на којшто заминаа може да го заслужиле само поради виските температури и реновирањето на собраниската зграда, но не и со работата што ја сработија.
Пратениците пасивно само притискаат копчиња, без да го прочитаат, без да видат што е суштината на законот. А токму тоа му е работата на парламентарецот. Формално имаме парламентаризам, а фактички се се сведува само на извршување на волјата само на извршната власт.

Ништо повеќе не може да се очекува од воспоставената партиска практика составена од султан партии и супремација на извршната власт во системот.

„Пратениците пасивно само притискаат копчиња, без да го прочитаат, без да видат што е суштината на законот. А токму тоа му е работата на парламентарецот. Формално имаме парламентаризам, а фактички се се сведува само на извршување на волјата само на извршната власт“, вели професорот Борче Давитковски.
Во еден тотално нефункционален политички систем, не очекувајте еден сегмент од истиот да биде функционален. Што се однесува до законите, што ги дотеруваат на некој начин тоа е само губење на време, ништо повеќе.

Парламентарците треба темелно да ги разгледуваат предложените закони и тие да предлагаат закони, да даваат предлози, да ангажираат експерти и да предлагаат амандмани со цел од оваа институција да произглегуваат квалитетни закони кои нема да се менуваат и по неколку пати за неколку месеци и кои нема во 30 проценти како што е досегашната практика да бидат прогласувани за противуставни од страна на Уставниот суд, додава Давитковски.

Со ваквиот начин на поведение и работа, подобро е и да не се противиме на нивното отсуство на седниците низ иронија забележува професорот Етем Азири.

„Во еден тотално нефункционален политички систем, не очекувајте еден сегмент од истиот да биде функционален. Што се однесува до законите, што ги дотеруваат на некој начин тоа е само губење на време, ништо повеќе.“

Мора да се менува нешто во моделот на избор на пратеници или партиите треба да предлагаат поквалитеттен кадар или да се менува Уставот за да може парламентот да ја добие контролната функција над извршната власт која природно му припаѓа, додава професор Борче Давитковски.

Неделава беа објавени анализите „Мојот пратеник„ и „Мојот парламент„ чии податоци говорат за големи отсуства и пасивност на пратениците, но и за многу чести измени на законите и сосема незначително консултирање на експертската јавност и граѓанскиот сектор во изготвувањето на законите. Работата на Собранието ќе продолжи по три недели кога формално завршува овогодинешниот одмор на пратениците.
XS
SM
MD
LG