Достапни линкови

Фиjаско со билетите на Олимпијадата


Најгрдата слика од Олимписките игри 2012 е она со празните седишта, пишува весникот Економист во текстот во кој се осврнува врз причините за слабата посетност на спортските натпревари. Како главно се посочува таа што билетите не биле пуштени во слободна продажба.

Церемонијата на отворањето на Летните Олимписки игри 2012 беше толку гласна и толку луда што ги надмина сите очекувања, наведува весникот Економист, додавајќи:
Добро познатиот олимписки слоган изгледа ќе треба да биде дополнет во: Побрзо, повисоко, посилно и пополно“.

„Транспортниот систем во Лондон не се распадна поради големиот број патници. Напротив многу улици се морничаво тивки од што дури се плашат и туристите. Олимпискиот парк во Лондон е полн со насмеани волонтери кои на секој му пожелуваат добредојде.“

Сепак, има и некои непријатни работи, наведува Економист, прецизирајќи:

„Најгрдата слика од Олимпијадата 2012 досега, секако е она со празните седишта на стадионите.“

Кога се кандидира за Игрите, Лондон вети места преполни со страсни навивачи познати по нивното чувство за ферплеј.

Наместо тоа, организаторите ги наполнија редовите со војници и ученици и тоа за такви натпреварувања, како што се например оние во гимнастика и во одбојка на плажа.
Британците кои треба преку интернет лотарија да ги купуваат билетите, ретко ги добиваат и оние што ќе ги посакаат.
Виртуелно, сите професионални спортски тимови во Америка толерираат своевиден секунадрен пазар на билети. Тие знаат дека не можат однапред прецизно да ја одредат цената на билетите и на ваков начин само ја креваат атмосферата за подобро да ги продадат.

Прстот е насочен кон спонзорите, репортерите и меѓународните спортски федерации за тоа што не успеале да го направат својот дел на промоцијата за да ги исполнат предвидените места.

Но, вината, како што се наведува во коментарот на Економист, навистина лежи кај организаторите на Олимпијадата и кај британските политичари кои одбија да дозволат пазарно тргување со билетите.

Тоа, според весникот, било поради стравувањето организираните криминални групи да не го искористат препродавањето на билетите. Но, со тоа организаторите ја загубија, како што се наведува, пазарната цена на влезниците. Тоа особено, ако се има предвид дека за некој спортски настан има многу поголемо интересирање отколку за некој друг.

Виртуелно, сите професионални спортски тимови во Америка толерираат своевиден секунадрен пазар на билети. Тие знаат дека не можат однапред прецизно да ја одредат цената на билетите и на ваков начин само ја креваат атмосферата за подобро да ги продадат. Во поп музиката концертите често пати повеќе се распродаваат преку препорадавачи кои најбрзо го наоѓаат патот до публиката.

„Добро познатиот олимписки слоган изгледа ќе треба да биде дополнет во: Побрзо, повисоко, посилно и пополно“, заклучува весникот Економист во текстот во кој се осврнува врз причините за слабата посетност на спортските натпревари на Летните Олимписки игри 2012 во Лондон.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG