Достапни линкови

Грција ќе ја подобрува сликата за земјата во светот


Атина

Атина

Грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос испратил писмо до сите дипломатски и конзуларни мисии на Грција во светот со кое бара итно и интензивно активирање на целиот персонал со цел подобрување на сликата за земјата и промовирање на Грција низ целиот свет. Според Аврамопулос, било многу важно Грција брзо да реагира на некои неточни вести за земјата и навременото реагирање на таквите извештаи ќе придонесе за поправање на негативната слика за Грција.
XS
SM
MD
LG