Достапни линкови

logo-print

Честитка за Илинден во американскиот Конгрес


Американскиот конгресмен од Њу Џерси Бил Паскрел, по повод Илинден, во американскиот Конгрес прочита порака на честитка до македонските граѓани. ,,Сакам да оддадеме признание по повод 109 годишнина од Илинденското востание. На 2 август 1903 Македонците се кренаа да се борат за својата слобода. Идеите на Илинденското востание беа засновани врз идеалите на американската и француската револуција. Македонците се бореа за независна држава во која сите ќе ги уживаат своите граѓански слободи и можноста за потрага по својата среќа. Тие храбро се бореа за македонската државотворност и нивниот сон стана јаве во 1991 година, кога Република Македонија стана слободна, независна и суверена. Дозволете ми да им честитам на сите Македонци во мојата област во Њу Џерси, низ Соединетите Американски Држави, на успехот кој нивната татковина го постигна. Со задоволство ќе продолжам да ја поддржувам Република Македонија на нејзиниот пат кон полноправно членство во НАТО,, изјави конгресменот Паскрел, истакнат член на групата за поддршка на Македонија во американскиот Конгрес.
По повод Илинден, во Вашингтон, во просториите на Обединетата македонска дијаспора беше организирана панел дискусија за текот на македонските интеграции во НАТО и во Европската унија, како и на македонските односи со САД.
XS
SM
MD
LG