Достапни линкови

ГС на ОН ќе гласа за осуда на сирискиот режим


сиријскиот град Алепо, 02.08.2012.

сиријскиот град Алепо, 02.08.2012.

Генералното собрание на Обединетите нации денеска ќе гласа за резолуција со осуда на сирискиот режим за употреба на тешко оружје и што не ги повлекува војниците од градовите. За да биде усвоена резолуцијата која е предложена од Саудиска Арабија е неопходно просто мнозинство. Документот, исто така, не е обврзувачки, туку има за цел да го зголеми притисокот врз Советот за безбедност за да преземе порешителна акција. До ова доаѓа по оставката на специјалниот пратеник на Обединетите нации и на Арапската лига Кофи Анан кој го критикуваше Советот дека не дејствува за запирање на крвопролевањето во Сирија. Во меѓувреме, активисти јавуваат дека силите на режимот и натаму биле во офанзива за преземање на контролата врз некои квартови во Алепо кои сега се во рацете на бунтовниците.
XS
SM
MD
LG