Достапни линкови

Српскиот гувернер поднесе оставка поради предлог-закон


Гувернерот на централната банка на Србија Дејан Шошкиќ вчера поднесе оставка, поради предлог-закон во Парламентот за Народната банка на Србија кој според него ја загрозува независноста на банката. Предлог-законот, предложен од владејачката коалиција, предвидува зајакнување на надзорот на Парламентот врз банката и е критикуван од ЕУ и ММФ. Шошкиќ изјави дека се повлекува од функцијата, бидејќи законски одредби „ја нарушуваат независноста на Народната банка на Србија“ и отвараат можност за „професионална деградација и барање решенија од страна Народната банка, кои можат да доведат до економска и финансиска нестабилност на земјата“.
XS
SM
MD
LG