Достапни линкови

logo-print

Ештон: Иран се враќа во преговорите


Еврокомесарката за надворешни работи Кетрин Ештон изјави дека Иран се согласил да повторно да разговара за нуклеарната програма кон крајот на месецот. Ештон не соопшти детали околу разговорите кои ќе ги оддржи со шефот на иранскиот преговарачки тим Саед Џалили. Шесте најмоќни држави, САД, Кина, Германија, Франција, Русија и Велика Британија, претставувани од Ештон, се обидуваат да го натераат Иран даja редуцира нуклеарната програма со помош на санкции и дипломатија. Тие не успееа во последните три рунди разговори кои се оддржуваат од април годинава, да постигнат некој позначаен напредок.
XS
SM
MD
LG