Достапни линкови

Уставниот го одложи донесувањето одлука за Басеску


Уставниот суд на Романија ја одложи за 12 септември одлуката за валидност на референдумот за отстранување на претседателот Трајан Басеску од функцијата. Причината за тоа секонтртадикторните податоци во јавноста за дали е остварена минималната излезност на гласачите на референдумот. Тоа значи дека шефот на државата останува суспендиран и понатаму, а неговата должност ќе ја извршува привремено претседателот на Сенатот Крин Антонеску.
Уставниот суд треба да ги преразгледа резултатите од референдумот кој беше неуспешен поради недоволниот одзив на гласачите, а прелиминарните резултати покажуваат дека 87,55 отсто од оние кои излегле гласале за заминување на Басеску, а само 11,12 проценти му ја дале поддршката.
XS
SM
MD
LG